ДАСТА АКАДЕМИЈА
  • УПИСИ 2019
  • ДИЗАЈН НА ЕНТЕРИЕР
  • ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА
    • МЛАДИ ФИЛМАЏИИ
  • ФИЛМ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ
    • КОМБИНИРАНА ПРОГРАМА 4-7
    • СЛИКАЊЕ
    • ФИЛМСКИ КУРС
    • ПАТУВАЧКА ФИЛМСКА ШКОЛА
    • КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ
  • ШКОЛА ЗА ВОДИТЕЛИ
  • ЗА НАС
    • ОСНОВАЧИ
    • ЗОШТО ДАСТА АКАДЕМИЈА?
    • ВО МЕДИУМИТЕ
    • СОРАБОТКИ
    • КОНТАКТ
  • New Page

ФИЛМСКА СЦЕНОГРАФИЈА

Цел на програмата:

​Програмата е насочена кон усовршувања на знаењата, разбирањата и вештините, врзани за филската сценографија како есенцијална гранка од филмското изразување (телевизискиот медиум, спотови и реклами, видео-арт, корпорацијски и наменски филмови...) во европскиот културен простор. Програмата вклучува тримесечна практична и теориска настава со реномирани професори, ментори и професионалци од индустријата.
Студиската програма на овој предмет е во склад со формата на професионална обука која ги опфаќа сегментите на проектирање, изведба и филмска продукција.
Програмата е наменета за секој оној кој поседува уметнички афинитети,талент за цртање и љубов кон филмскиот дизајн како изразно средство.
Преку оваа програма студентите ќе бидат во состојба да изведуваат и менаџираат проекти со кој ќе можат да се уредат различни типови на простории и филмски сетови.

​Содржина на програмата:

​Проектирање  со Вон. проф.д-р АЛЕКСАНДАР АНДОВСКИ, архитект
 
Секој студент запишан на оваа програма ќе стекне вештини поврзани со архитектонското проектирање, и основи на 3Д визуелизација. Односно, после добиеното филмско сценарио, студентот сценограф во соработка со режисерот и снимателот ќе проектира дизајн за студио, односно дизајн на внатрешен простор подобен за снимање на филм.
 
Продукција со ВЛАДИМИР ДИМОСКИ, снимател и ВАСИЛКА АВРАМОВСКА, режисер

Во делот за продукција сценографот блиску ќе соработува со снимателот и режисерот со цел да се изведе до крај визуелната идеја на филмот.Преку детално анализирање на сценариото и разговори за визијата на режисерот, сценографот ќе добие сознанија за техничката поставеност на камерата и светлата. Врз база на тие сознанија ќе го гради својот сценографски концепт.
 
Изведба  со БЕРТА ДУРАКОВСКА, сценограф

Во доменот на изведбата, проектираните простори треба да се претворат во реалност. Секој проектиран простор треба до добие своја реализација. Потрагата по соодветни изведувачи, материјали, соодветен мебел, реквизити ќе биде дел од практичната работа. Изучувањето на секој материјал поеднинечно, усогласувањето на различните текстури, нивната набавка и обработка се пресудни за квалитетот на финалата сценографија. 

Динамика:

​Целата програма опфаќа 60 школски часа распределни: проектирање 24 часа,продукција и камера 16 часа и 20 часа изведба. Програмата се одвива со динамика  од 4 часа неделно.

Завршен проект:

Секој студент покрај вежбите кои ќе ги работи во текот на обуката е обврзан да изработи сценографија за реален проект краткометражен игран филм кој ќе биде снимен во текот на обуката.Овој завршен проект ќе послужи како портфолио на студентот во идната професионална кариера.
​
Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • УПИСИ 2019
  • ДИЗАЈН НА ЕНТЕРИЕР
  • ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА
    • МЛАДИ ФИЛМАЏИИ
  • ФИЛМ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ
    • КОМБИНИРАНА ПРОГРАМА 4-7
    • СЛИКАЊЕ
    • ФИЛМСКИ КУРС
    • ПАТУВАЧКА ФИЛМСКА ШКОЛА
    • КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ
  • ШКОЛА ЗА ВОДИТЕЛИ
  • ЗА НАС
    • ОСНОВАЧИ
    • ЗОШТО ДАСТА АКАДЕМИЈА?
    • ВО МЕДИУМИТЕ
    • СОРАБОТКИ
    • КОНТАКТ
  • New Page