ФИЛМСКА РЕЖИЈА И СЦЕНАРИО:
МАСТЕР КЛАС
на Проф.ВЛАДИМИР БЛАЖЕВСКИ
со ДЕЈАН ДУКОВСКИ
ПРОФ.ВЛАДИМИР БЛАЖЕВСКИ-ФИЛМСКИ КЛАСИК И БУНТОВНИК
Роден е во Скопје, 1955. Дипломира филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград 1978 година. Автор е на 7 документарни, десетина наменско-комерцијални документарни филмови, рекламни спотови, повеќе од 250 телевизиски емисии со различни профили и должини-авторски документарни ТВ филмови, репортажи, образовни и научни серии, живи преноси...
Автор на три целовечерни играни филмови:„HI-FI“ (1987,Вардар филм),„Булевер револуције“ (1992, Синема Дизајн Белград),„Панкот не е мртов (2011, Панк филм Скопје)
Професор на ФДУ Скопје, ФДУ Белград, Висока филмска школа „Дунав филм“ Белград, Факултетот за уметност и дизајн „Мегатренд“ Белград.
Од 1981-1994 е уредник на Филмска програма во Студентски културен центар (СКЦ) Белград. Од 1989-1992 е и директор на СКЦ.
НАГРАДИ...
Добитник на Сребрен медал Београд на Фестивалот на југословенски краткометражен филм 1978. во Белград за документарниот филм "Среќна Нова година" (производство Вардар филм, Скопје, 1978)На истиот фестивал, 1983. година, има добиено Прва награда на ТВ Белград во категорија документарен филм, за филмот "Ко ради не боји се глади" (производство Арт филм, Белград).
За играниот филм "Хи-Фи" има добиено Златна Арена за режија на ФЈИФ во Пула 1987. година. Истата година филмот добива и неколку други врвни награди на тој и останатите домаšни фестивали.
Играниот филм "Булевар Револуције" награден е со Златен медал на Интернационалниот филмски фестивал во Салерно, Италија, 1993. Филмот беше и званичен југословенски кандидат за европската филмска награда "Фелиx".
„Панкот не е мртов“ е награден со првата награда „Кристален глобус“ на Интернационалниот филмски фестивал во Карлови Вари, 2011 година, и со уште 11 меѓународни награди.
Сценарист е на играниот филм "Џипси Меџик" (производство Вардар филм, Скопје) кој е награден со "Гранд При" на Фестивалот на медитеранскиот филм во Монпелие, Франција, 1997. година.
Во тек на 2000. година има реализирано долгометражен документарен филм "Кинески пазар", за германско-француска ТВ станица АРТЕ. Филмот е добитник на Прва награда на Фестивалот на документарни филмови во Дуисбург, Германија, 2001. година.

ДЕЈАН ДУКОВСКИ-
МАКЕДОНСКИ И СВЕТСКИ АВТОР
Драмски писател и сценарист. Дипломира на Отсек Драматургија на ФДУ, Скопје, во класата на Горан Стефановски. Предавал на ФДУ, Скопје, Отсек Филмско и ТВ сценарио. Престојувал како пистаел во резиденција во Дојче Шаушпилхаус во Хамбург, Германија, а од 2015 година работи како драматург во Македонскиот народен театар, Скопје. Ги напишал драмските текстови: „Балканска“, „Балкански вампир“, „Балканот не е мртов“, „Буре барут“ (текстот е поставен на театарските сцени во цел свет и учествувал на голем број Европски и светски фестивали, каде што освоил бројни награди. Го отвара Бонер биенале ’96, Германија, БИТЕФ, Југославија, Фестивалот „Римска есен“, Италија итн.), „Маме му ебам кој прв почна“ (награден со Гран При на Интернационалниот театарли фестивал БИТЕФ 97 во Белград, Југославија), „Дракула“, „Друга страна“, „Празен град“, „Утерус“, „Изгубени Германци“, „Дух који хода“ (наградуван на повеќе Интернационални, како и домашни театарски фествали). Сите неговите текстови се преведени на многу јазици и повеќекратно наградувани, а статистички тој е најизведуван македонски драмски писател. Автор е на филмските сценарија: „Светло сиво“, „Како во лош сон“ (базирано на неговиот текст „Маме му ебам кој прв почна“), „Ѕвонење во глава“, „Балканот не е мртов“ (базирано на неговиот истоимен текст) и „Буре барут“ (американски наслов „Кабаре Балкан“, базиран на неговиот истоимен текст). Филмот „Буре барут“, во режија на Горан Паскаљевиќ има освоено бројни награди: ФИПРЕСЦИ, Интернационална награда на критиката за најдобар филм во сите категории на Интернационалниот филмски фестивал во Венеција, 1998 година, ФИПРЕСЦИ, награда за најдобар филм на Европската академија за филм, 1998, наградата „Бронзрна камера 300“, на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“, Битола, Гран При на Интернационалниот филмски фестивал во Анталија, Турција, Гран При на Интернационалниот филмски фестивал во Хаифи, Израел итн... Филмот беше Југословенски кандидат за Оскар.
ЦЕЛ НА ПРОГРАМАТА |
Програмата е насочена кон усовршувања на знаењата, разбирањата и вештините, врзани за глобалниот концепт на наративниот филм, ама и на останатите видови на филмското изразување (телевизискиот медиум, спотови и реклами, видео-арт, корпорацијски и наменски филмови...) во европскиот културен простор. Студиската програма на овој предмет е во склад со формата на “master class” работилници, во која целта е да се оствари пренесувањето на уметничките, стручните, но делумно и научните компетенции; да се поттикне уметничкото творештво; да се исполнат сложените академски задачи преку единство на настава, уметничка и истражувачка работа. Оваа програма сака да ги ангажира студентите како рамноправни партнери во наставниот, уметнички, творечки и истражувачки процес. Овој предмет исто така има за цел да го оспособи младиот уметнички филмски кадар, кој што треба да биде во состојба самостојно да препознае и интериоризира нешто што е фундамент на европската филмска авторска практика, при што во секој случај се води многу сметка за оригинално уметничко истражување и израз, но и за запознавање и развивање на нови технологии и творечки пристапи, сообразни со времето на новиот милениум.
|
СОДРЖИНА НА ПРОГРАМАТА |
Сите содржини се насочени кон акумулирање на знаење и вештини, кои се пред се практично употребливи и може да се користат во областа на сценскоизведувачките и аудиовизуелните уметности, како основа за оригинални истражувања.
Во рамките на предметот, предвиден е и краток воведен дел врзан со основите на филмската граматика и филмскиот јазик, како и исто така прегнантен историски преглед на врвните авторски опуси, во европската и светската филмска традиција. Посебен дел е анализата на најновите тенденции и трендови, што на студентите би можело да им помогне да си пронајдат „компас“ во своите творечки настојувања. |
ТЕМАТСКИ ЕДИНИЦИ |
- Филмско време и простор
- Кадрирање и монтажа - Движење во филмот и мизан кадар - Занаетчиските аспекти на професијата филмски режисер - Структурирање на филмска сцена.Компримирање, продолжување, ефект на прецизен „исечок на живот„ - Структурирање на кадарот. Темпо, ритам и тајминг - Филмска нарација – избор на point of view во раскажувањето - Клишеа и стереотипи во филмот. Употреба и злоупотреба - Смисла на целината и важноста на деталите во филмот - Тензија, динамичност и ритам во филмските форми - Избор на глумците и екипата. Важноста и техниките на кастингот - Градењето и водењето на филмските ликови - Актерот пред камера – различни пристапи во работа со актерите - За означувањето во играните и документарните филмови - За оригиналноста и разбирливоста на изразот - Како да се пронајде својот авторски простор, помеѓу баналноста и неразбирливоста - Откачениот знак и визуелните филмски решенија - Стилови и жанрови во играниот и документарниот филм - Нагласени и ненагласени стилски пристапи - За авторскиот и жанровскиот игран и документарен филм - Филмскиот „поглед на светот„ - Маниризам како стил. Кусите филмски форми - Филмскиот аскетизам и „сокриена режија„ - За веродостојноста во филмската постапка - Професионализмот како императив - Новите тенденции во водењето на приказната - Пренебрегнување на граматичарските правила - Вештина на презентирањето на сопствениот проект - Способност за раководење со филмската екипа. Најчестите фрустрации и начини на мобилизирањето кон заедничката цел - Режисерската претенциозност и патетичност. За контрапунктот и техниките на „спуштање на земја„ - Филмскиот континуитет. Робување на литературата и театарот - Дисконтинуитети во филмот. Нелинеарна нарација, jump-cut, under-lapping, спотовски пристап кон филмот - „Опаковката„ и суштината во филмското раскажување - Предности и маани на импровизација во процесот создавање филм - Предности и маани на сториборд постапката и таканаречената железна книга на снимање - Постпродукција на филмот - Пласман на финалниот филмски продукт |