ДАСТА АКАДЕМИЈА
  • УПИСИ 2019
  • ДИЗАЈН НА ЕНТЕРИЕР
  • ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА
    • МЛАДИ ФИЛМАЏИИ
  • ФИЛМ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ
    • КОМБИНИРАНА ПРОГРАМА 4-7
    • СЛИКАЊЕ
    • ФИЛМСКИ КУРС
    • ПАТУВАЧКА ФИЛМСКА ШКОЛА
    • КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ
  • ШКОЛА ЗА ВОДИТЕЛИ
  • ЗА НАС
    • ОСНОВАЧИ
    • ЗОШТО ДАСТА АКАДЕМИЈА?
    • ВО МЕДИУМИТЕ
    • СОРАБОТКИ
    • КОНТАКТ
  • New Page

ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ООУ „КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ“ - СКОПЈЕ

На ден 08.04.2015 година беше склучен Меморандум за соработка со ООУ “Кирил Пејчиновиќ” 
со цел реализирање на заеднички проект „Родител-ученик-наставник“. Овој проект е замислен како поддршка на програмата за зајкнување на врската помеѓу родителот, детето и наставникот. Уметноста индивидуелен, но и колективен чин ја потенцира тимската работа и преку соработката на овие три сегменти родител-ученик-наставник на зададен проект во огромна мера може да се продлабочи и развие оваа спрега неопходна за детскиот развој. Со цел запознавање и воведување на учениците и наставниот кадар во процесот на создавање на уметничко дело и тоа на поле на филмот, ликовно творење и креативно пишување проектот е замислен низ три фази. Секоја фаза ќе подразбере финален продукт: краток филм, ликовна изложба, и стихозбирка.

Наши соработници во реализацијата на нашите проекти во соработка со училиштата од Општина Кисела вода

Picture
Соработник на поетската работилница,ментор на поетските творби од ООУ „Круме Кепески“ и лектор на поетската збирка „Мојата песна“.

Татјана Пеливанова е професор по македонски јазик, дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - група македонски јазик, а 2014 година магистрирала на тема: „Литературата на фактот во романите на Петре Наковски“, на истиот универзитет - група македонска книжевност.  Работи во ОУ „Круме Кепески“ - Скопјекако професор по македонски јазик и е лиценциран лектор за македонски јазик.


Picture
Соработник на поетската работилница и ментор на поетските творби од ООУ „Климент Охридски“ с.Драчево.






Валентина Трајкоска е родена во Скопје, на 22 ноември 1976 година. По завршувањето на основното и средното гимназиско образование, таа во 1995 година се запишува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на главните студии од Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности и споредните студии од Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Во декември 1999 година дипломира со просек 9, 21 стекнувајќи го звањето професор по македонски јазик и литература. Од  2000 година работи како наставник по македонски јазик и литература во предметна настава во следниве институции: ЕМУЦ (на замена), ОУ,,Маршал Титo“ во Арачиново (на замена во паралелки со албански наставен јазик), ОУ,,Никола Вапцаров“ - Чаир (на замена во паралелки со албански наставен јазик), ОУ ,,Тефејуз“ (во паралелки со турски наставен јазик), во основно образование и средно образование во првоформираната паралелка на турски наставен јазик во средното училиште ,,Цветан Димов“ – Чаир, потоа во Долно и Горно Количани, Палиград и ОУ ,,Наим Фрашери“ (во паралелки со албански и турски наставен јазик), а во ОУ ,,Св.Климент Охридски“ во Драчево е од 2005 година во паралелки со македонски наставен јазик. Го сака и почитува пишаниот збор, посебно задоволство ѝ претставува работата со деца на кои успева да им ја пренесе љубовта кон творењето и да ги мотивира да читаат и да творат. Досега како ментор го има објавено романот на осмооделенката Стефанија Ацевска Далеку од рајот, расказот Добрата мајка на Јована Божиновска, збирката лирски песни Јас и моите стихови  на Марија Стоева. Четири години по ред објавува хаику поезија на своите ученици на македонски и словенечки јазик на меѓународниот натпревар за хаику стихови на основните училишта во соработка со општината Толмин од Словенија, како и многу други поетски  и прозни записи на нејзини ученици во списанија за деца, алманаси во земјава и надвор од неа. Автор е на неколку прозни и поетски записи за деца, на статијата Говорот на македонското муслиманско население во околината на Скопје - Пагаруша и Долно Количани, но тие се во ракопис и досега не се објавувани во пошироката јавност. На 31.10.2011 година на XIX Средба на Друштвото на просветни работници одржана на Филозовскиот факултет ја добива третата награда за поетската творба Ние, а во периодичното издание на Литературен збор оваа година го објавува својот прв научен труд под наслов Зборот наспрема сликата ,,Крста и монистрото,, од Светлана  Христова Јоциќ.
Со творештвото на Ристо Давчевски посериозно се запознава во 2005 година кога како лектирно издание ја чита неговата драма-трилогија Дворец на опачини. Воодушевувањето од драмското остварување ја наведува на идеја текстот да го адаптира и постави на сцена. Организира и режира драмска претстава под мотото Животот на младите без опачини, изведена во ОУ Св. Климент Охридски од Драчево 2006 година. Претставата е одлично прифатена и повторно поставена на сцена по повод 24-ти Мај − Денот на словенските просветители во 2007 година во ОУ Кузман Јосифовски Питу и е прогласена за најдобро организирана манифетсација во општина Кисела Вода за 2007 година. На тој начин и остварува контакти со авторот кој е воодушевен од театарската претстава и ѝ ја открива својата тајна за баснопроектот Беседа на фауните - триесет циклуси басни во стих и во проза. Оваа година успешно ја поставува на сцена и режира театарската претстава по сценарио на Катерина Чрчева Новогодишна сказна на 29.12.2011 во ОУ Св. Климент Охридски, а ден подоцна и на отворена сцена во паркот во населба Драчево. На 23.01.2012 ја одбранува магистерската теза Ристо Давчевски како баснописец и ги завршува магистерските студии со просечна оценка 10 (300 кредити), стекнувајќи го звањето Магистер по филолошки науки.



Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • УПИСИ 2019
  • ДИЗАЈН НА ЕНТЕРИЕР
  • ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА
    • МЛАДИ ФИЛМАЏИИ
  • ФИЛМ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ
    • КОМБИНИРАНА ПРОГРАМА 4-7
    • СЛИКАЊЕ
    • ФИЛМСКИ КУРС
    • ПАТУВАЧКА ФИЛМСКА ШКОЛА
    • КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ
  • ШКОЛА ЗА ВОДИТЕЛИ
  • ЗА НАС
    • ОСНОВАЧИ
    • ЗОШТО ДАСТА АКАДЕМИЈА?
    • ВО МЕДИУМИТЕ
    • СОРАБОТКИ
    • КОНТАКТ
  • New Page