ЗАВРШНА ИЗЛОЖБА ВО ДАСТА НА МЛАДИТЕ УМЕТНИЦИ ПОД НАСЛОВ „МОИТЕ РОДИТЕЛИ, ЈАС И МОИТЕ НАСТАВНИЦИ“
Центарот за образование, култура и уметност "Данаил Станојески " со цел поттикнување на ликовното творештвото кај децата oрганизираше ликовен конкурс во соработка со училиштата од општина Кисела Вода на тема МОИТЕ РОДИТЕЛИ,ЈАС И МОИТЕ НАСТАВНИЦИ и којшто е прва фаза од истоимениот едногодишен проект. Трочлено жири ги одбра најдобрите цртежи кои беа поставени на ликовната изложба која беше отворена на 18.12.2015 година, а ликовната изложба ја отвори нашиот еминентен ликовен уметник Гоце Божурски.