ИНТЕРАКТИВНА ПИКСЕЛАЦИЈА „ЈАС И ТИ“
на Фестивал Скопје Креатива 2017
Автор: Владимир Димоски, кинематограф Краток опис на делото: „Јас и ти“ е процес на создавање на кусометражен филм со техника пикселација, по однапред напишано сценарио, но со значаен степен на импровизација од страна на актерите. Кога велиме актерите, во делото на Владимир Димоски, покрај професионални актери, ќе биде вклучена и публиката како актер, и активен креатор на филмот. Соработници на проектот: Загорка Поп-Антоска Андовска, сценарист Ана Алексовска, режисер Бобан Алексовски, актер Александар Андовски, сценограф |
Владимир Димоски е дипломиран филмски снимател. Своето филмско образование го завршува на магистерските студии на ФАМУ во Чешка. Стекнува интернационално искуство, работејќи како директор на фотографија и асистент на камера за професионални и студентски продукции базирани во Европа, Канада и Азија. Авотрски се има потпишано на триесет кратки играни и документарни филмови и еден долгометражен игран фим.
|