ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ
Со оваа едногодишна програма се стекнувате со практично искуство на полето на филмот.
Посебен акцент се посветува на процесите на пишување на филмско сценарио како и на филмската режија. Воедно студентот ги изучува и актерската игра, камерата, монтажата и продукцијата. |
Со оваа програма се стекнувате со вештина за професионално уредување на внатрешен простор.
После завршувањето на едногодишната програма се стекнувате со државно признат сертификат и уникатно знаење пренесено од докажани професионалци и еминентни професори од Македонија и странство. |
Програмата по Маркетинг ќе ви помогне да ги разберете пазарот и корисниците, како се освојуваат пазари и како се одржува врската со корисниците.
Ќе вклучува адвертајзинг, продажба, промоција и дистрибуција. Ќе бидат обучени во односи со јавност, медиумско планирање и анализа, дизајнирање на производи и услуги, продукт маркетинг и маркетинг комуникации. |
Со оваа програма практично ќе ги изучите и искусите сите фази на создавање на видео игра од почетна скица до финален продукт.
По завршувањето на програмата ќе ја имате изработено вашата прва 2Д игра во програмот Конструкт 2. Ќе знаете како да менаџирате задачи поврзани со тимот низ алатката Асана и ќе го имате напишано вашиот прв документ за дизајн на игра. |
Оваа програма ќе развива вештини за основите на софтверското тестирање преку процесите и техниките на креирање на тест сценарија.
|
Стекнување со основните вештини на создавање на филм, кај најмладата популација на возраст од 7-14 години.
Освен совладувањето на филмот, развива социјални вештини, фантазија и креативност. |