ЕДУКАТИВНО ПАТУВАЊЕ: ВЕНЕЦИЈА
СНИМАМЕ РОМАНТИЧНА КОМЕДИЈА
Група деца подготвувајќи ја драмата „Ромео и Јулија“ како училишен проект доживуваат едно необично искуство. Оддеднаш се најдуваат пред домот на Јулија, токму под нејзиниот балкон, во Верона. Ова чудесно искуство не запира овдека. Тие, откако ќе ја допрат статуата на Јулија доживуваат необични, и измешани љубовни чувства. Имено, одненадеѓ, почнуваат да се вљубуваат и да си изразуваат љубов во стихови, додека шетаат низ Венеција. Оваа необична, и романтично-комична појава преставува кога ќе ги разбуди аплаузот на публиката на крајот на драмата „Ромео и Јулија“. Филмот е во подготовка.
ЕДУКАТИВНО ПАТУВАЊЕ: ТРАНСИЛВАНИЈА
„СНИМАМЕ ХОРОР КАЈ ЧИЧКО ДРАКУЛА НА ГОСТИ“
Деца тргнуваат на екскурзија во посета на озлогласениот дворец на грофот Дракула. Свесни дека станува збор за легенда, децата се опуштени и воопшто не се плашат од помислата за патувањето. Напротив прават шеги на сметка на Грофот Дракула и на сметка на тие „мали деца’ што веруваат дека тој постои! Наспроти очекувањата на сите, нештата излегуваат од контрола, и навидум безопасното патување се претвора во кошмар за групата. Дали ќе го запознаат Грофот Дракула лично, останува да видиме во најновиот филм на ДАСТА ЈУНИОР.
ПОГЛЕДАЈТЕ ГО ФИЛМОТ!
ЕДУКАТИВНО ПАТУВАЊЕ: ПАРИЗ
„МИСИЈА ПАРИЗ“
Желбата за патување и снимање филм во Париз кај децата, а и кај нивните родители беше огромна. Во меѓувреме додека ги вршевме подготовките на сценариото се случија терористичките напади во Париз. Размислувавме да се откажеме од патувањето, но со подршката на родителите одлучивме да заминеме и да снимаме филм во кој како главна тема ќе бидат нападите. Детската перцепција на тероризмот е извонредно податна за испраќање на порака за мир. Направивме приказна за едно болно дете кое е хоспитализирано, и во болницата случајно на CNN ги гледа вестите што известуваат за нападите и убиствата. Детета посакува да замине во Париз и да му соопшти на светот „Не се убивајте, не бидете глупави. Животот е прекрасен.“ Заради сериозноста на болеста тој не заминува за Париз, но неговоите другари ја пренесуваат пораката од Париз до целиот свет. Силната верба на децата дека ако му ја осварат желбата ќе помогнат во неговото оздравување вродува со плод. Се случува медицинско чудо. Тој оздравува.