ДАСТА АКАДЕМИЈА
  • УПИСИ 2019
  • ДИЗАЈН НА ЕНТЕРИЕР
  • ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА
    • МЛАДИ ФИЛМАЏИИ
  • ФИЛМ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ
    • КОМБИНИРАНА ПРОГРАМА 4-7
    • СЛИКАЊЕ
    • ФИЛМСКИ КУРС
    • ПАТУВАЧКА ФИЛМСКА ШКОЛА
    • КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ
  • ШКОЛА ЗА ВОДИТЕЛИ
  • ЗА НАС
    • ОСНОВАЧИ
    • ЗОШТО ДАСТА АКАДЕМИЈА?
    • ВО МЕДИУМИТЕ
    • СОРАБОТКИ
    • КОНТАКТ
  • New Page
Picture
Вон.проф. М-р Загорка Поп-Антоска Андовска е драмски автор, сценарист, прозаист и преведувач. Од 2007 та е професор по предметите Драматургија и Сценарио на Универзитетот за аудиовизиелни уметности ЕСРА. Редовно вработена на позиција Драматург во Македонскиот народен театар, Скопје.
Родена во Скопје 1980 година. По завршувањето на основното и средното училиште, образованието го продолжува на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што дипломира на катадрата Драматургија во класата на проф. Русомир Богдановски. Магистрира на Институтот за национална историја, под менторство на проф. д-р Мишел Павловски со темата „Драмите на Димитар Молеров во македонскиот историски контекст“. Во 2010 го запишува својот докторат при Институтот за национална историја на тема „Националната свест во македонското драмско творештво од Џинот до Крле“.
Вон.проф. М-р Загорка Поп-Антоска Андовска повеќе од една деценија остварува перманентна соработка со македонските театри во својство на драматург, драмски автор и режисер. Како сценарист потпишала повеќе телевизиски серии и два документарни филма. Автор е на 11 пиеси, кои што се објавени во три збирки драми насловени како „Чевлички од челик“ во 2009-та, „Душички“ во 2010-та, и „Синовите на Јоарел.  Владеењето на триглавата ламја Ѕер“ во 2013-та година. Во 2011-та година ѝ беше објавен превод на збирка драми на црногорскиот драмски автор Љубомир Ѓурковиќ, еден од најзначајните драмски автори на поранешните југословенски простори. Во 2012-та беше објавено нејзиното прво прозно дело, романот „Џулијано Понти“. Најголемиот дел од нејзините драми се изведувани на македонските театарски сцени и пошироко во регионот.  Таа е основач на Центарот за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“.


Picture
Вон. проф д-р Александар Андовски е вонреден професор на Факултетот за инженерство при Меѓународниот балкански универзитет во Скопје. По завршувањето на студиите на Архитектонскиот факултет во Скопје, заминува во Лил (Франција) на последипломски студии на тема „Пејзаж и урбан проект“, каде во 2003 година и магистрира. Со истражување на урбаниот развој на јавните простори, продолжува и по враќањето во  Македонија. Во 2010та година, докторира со темата „Историскиот развој на урбаниот пејсаж“. Од 2007 година започнува неговата педагошка кариера во високото образование, на Универзитетот Американ колеџ во Скопје. Автор е на две книги на полето на аритектурата „Јавниот простор во урбаниот пејсаж“  (2011) и „Новата слика на јавниот простор/Lа nouvelle image de L'espace commun" (2015) како и на Експертски елаборат (урбанистичка студија) - Систем на центри на просторот на Скопје и јавните простори. Истражување на потребите на генералниот урбанистички план на град Скопје, 2011 (нарачател Агенција за просторно планирање. Покрај образовната дејност во овој период, професорот Андовски работи како архитект-соработник на проектот за зградата на Музејот на холокаустот на Евреите во Р.Македонија, во Скопје. Вон.проф.д-р АлександарАндовски активно учествува на меѓународни и домашни архитектонски конкурси.Победник е на  интернационалниот архитектонско-урбанистички конкурс за Центар за хемодијализа во Boulogne sur Mer, Франција во 2005 година.Тој е основач на Центарот за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“.
http://aleksandarandovski.webs.com/

Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • УПИСИ 2019
  • ДИЗАЈН НА ЕНТЕРИЕР
  • ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА
    • МЛАДИ ФИЛМАЏИИ
  • ФИЛМ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ
    • КОМБИНИРАНА ПРОГРАМА 4-7
    • СЛИКАЊЕ
    • ФИЛМСКИ КУРС
    • ПАТУВАЧКА ФИЛМСКА ШКОЛА
    • КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ
  • ШКОЛА ЗА ВОДИТЕЛИ
  • ЗА НАС
    • ОСНОВАЧИ
    • ЗОШТО ДАСТА АКАДЕМИЈА?
    • ВО МЕДИУМИТЕ
    • СОРАБОТКИ
    • КОНТАКТ
  • New Page