МАРКЕТИНГ
Програмата Маркетинг ќе вклучува шест предмети: Маркетинг комуникации, Односи со јавност 1 и 2, Креативно пишување - Дискурсот на комерцијалната презентација 1 и 2, Истражување на пазарот. Преку овие предмети, програмата ќе му понуди на студентот знаења кои се однесуваат на развој на комуникациски проекти на продуктно, како и на корпоративно ниво. Проектите ќе вклучуваат повеќе сегменти започнувајќи од истражување на пазарот, потоа развој на стратегија, преку вистински избор на маркетинг микс, до осмислување на креативни решенија, што значи целосно обмислување и креирање на комуникациска кампања. Студентот ќе добие вештини кои ќе го оспособат за работа во маркетинг агенција, или маркетинг сектор на компанија, организација или институција. Притоа тој ќе добие базични знаења за изработка на комуникациски проекти, со што ќе се насочи кон усовршување на звањето менаџер на комуникациски проекти, лице за односи со јавност и копирајт.
м-р Виолета Рибарска Чорбескадипломира на Филозофскиот факултет, група Филозофија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на тема „Успехот како цел на менаџментот“ во 1998 година.
Од 1997 година работи како асистент на бројни истражувачки проект во маркетинг агенцијата Идеа Плус комуникации за потребите на клиентите на агенцијата, а особено на проектите на Тутунскиот Комбинат Прилеп и Пивара Скопје. Во периодот од 2002 до 2007 година е ангажирана во неколку домашни и странски маркетинг агенции на позицијата раководител на проекти за повеќе компании кои работат во земјава и во странство: Скопски саем; FORD, F. Hoffmann La Roche; Swatch Group; ZOTT; Рафинеријата ОКТА (Hellenic Petroleum\ EL.P.ET. BALKANIKI); COSMOFON\ Cosmote Group; Хемиската индустрија DAJTI од Косово; БРАКО; Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје – оддел економски и трговски работи и Стопанската комора на Македонијa. Од 2002 до 2004 е ангажирана на позицијата маркетинг менаџер во издавачката куќа PRIME INFO, која ги издава месечните магазини Семеен магазин на македонски и Magazina Familiare на албански јазик. 2006 ја помина во претставништвото на генералниот дистрибутер на Nokia за Македонија, а во 2007 го прифати предизвикот да се вклучи во стартап тимот во Вип оператор, член на Телеком Австрија групацијата, каде што работи и денес како аналитичар на истражувања на пазарот. |
м-р Наташа Илиевска Таневскидипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на отсекот македонски јазик и книжевност (2000) и магистрира на културолошките студии при Институтот за македонска книжевност (2013). По дипломирањето во 2000 година, работи како новинар во списанието „Имиџ“ (2000-2002), а потоа во весникот „Нова Македонија“ (2001-2003) како новинар во културна рубрика и рубриката „Лик“. Во овој временски период објавува повеќе текстови и интервјуа во рамките на двата весника. Во 2006 година ја издава книгата раскази „Триаголниче скинато од крајот на еден весник“ под псевдонимот Ана Лиза. Од 2003 до 2010 година работи во ПР агенцијата „Пристоп МК“ како менаџер за односи со јавност, проект менаџер, како и директор на секторот за клиенти кога има реализирано повеќе од 100 комуникациски проекти за домашни и странски компании, организации и институции. Во овој временски период посетува повеќе обуки и семинари во земјата и странство, кои се однесуваат на односите со јавноста, водењето на клиент, медиа планирање, настап пред јавноста, а има и организирано и тренинзи за клиенти во истите сегменти. Како лице за односи со јавност и уредник на фестивалскиот билтен, од 2003 до 2008 години работи на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“-Битола, како и на македонските филмови „Како лош сон“, „Контакт“, „Бубачки“, „Караула“, „Превртено“. Од 2010 до 2011 година е професор по македонски јазик и книжевност, компаративна книжевност и говорење и пишување во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје, а две години подоцна и уредник во издавачката куќа „Магор“. Во моментов е новинар во културната рубрика на дневниот весник „Утрински весник“, каде реализира новинарски текстови, извештаи, теми и интервјуа. Поле на нејзин интерес се медиумите и односите со јавноста. Заради долгогодишното професионално искуство во реализацијата на комуникациски стратегии и соработката со медиумите, се ангажира и на позицијата лице за односи со јавност на Центарот за култура и културолошки студии, како и на други проекти на различни невладини организации.
|
м-р Маријана Котевска Георгиева
е родена 1976 година во Битола. По завршување на средното образование, во 1995 се запишува на Филолошкиот факултет во Скопје, на катедрата по општа и компаративна книжевност. Дипломира на истата катедра во 2003 година. Непосредно по дипломирањето, во 2003 година, работи како костимограф на тв серијата „ Седум приказни за љубовта и свршувањето“ во режија на Александар Русјаков. Во 2004 е вработена како copywriter во лоакалното скопско радио - Сити Ради, а подоцна хонорарно работи и за други медиуми – националното радио Метрополис, Клуб фм и МТВ. Од 2005 до 2009 живее во Прага и работи како костимограф на неколку краткометражни филмови во продукција на чешката национална академија за филм ФАМУ. Во 2009 работи како костимограф на играниот филм „Созрцание“, во режија на Иво Трајков, продуцирано од Endorfilm s.r.o. Република Чешка, сниман во Прага.
2010, сценарист на документарниот филм „Оркестар за погреби и свадби“ на Атанас Георгиев. 2013, сцанарист на краткометражниот филм „Под иста стреа“ на Игор Христов. 2015, сценaрист на документарниот филм Avec L’Amour на Илија Цветковски. Од 2013 до денес работи како сценарист на ТВ емисијата „Тунел“, во продукција на МТВ. Константно работи како copywriter во City Radio, Club fm и Metropolis radio. 2015 магистрира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на катедрата по општа и компаративна книжевност. 2016, автор на претставата „Викај ги среќа“ во режија на Златко Славенски. |
СО КАКВИ ВЕШТИНИ ЌЕ СЕ СТЕКНЕТЕ?
МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ
|
Маркетинг комуникациите покриваат широк спектар на традиционални активности како што се продажба, односи со потрошувачите и односи со јавноста, рекламирање, интерни комуникации (во рамките на компанијата) или на целиот бизнис и на управување со кампањи.
За разлика од традиционалните маркетинг менаџер, модерните професионалци се специјализираат во таргетирање на целната публика, а не на целиот пазар. Затоа, мора да знаете за сегментирање на пазарот, медиумите и начините за пренесување на вашите пораки. Маркетинг стратегии:
|
ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ (20 часа) |
Динамичното бизнис опкружување повлекува потреба од редовно спроведување на истражувања со цел за компаниите да останат конкурентни на пазарот. Истражување на пазарот е процес на оценување на одржливоста на нов производ или услуга преку техники како што се анкети, тестирање и фокус групи. Истражувањето на пазарот им овозможува на компаниите да го откријат својот целен пазар и што потрошувачите размислуваат за еден производ или услуга. Покрај тоа, истражувањето на пазарот помага во следењето на трендовите на пазарот и конкуренција. Учениците ќе се запознаат со основните чекори на истражувачкиот процес, разликите помеѓу квантитативниот и квалитативниот методолошки пристап, како и практичната примена на одредени концепти и техники на истражувања во менаџментот и нивната улога во процесот на донесување одлуки.
|
ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ 1 -2
|
Предметот – Односи со јавност ќе се изучува во прв и втор семестар и ќе ги вклучува најважните активности, алатки и сегменти со кои треба да запознае студентот од областа на односите со јавноста и новинарството.
Вештините со кои ќе се стекне студентот ќе се однесуваат на:
|
КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ. Дискурсот на комерцијалната презентација 1-2
|
Креативното пишување е еден од највлијателните облици на комуникација. Тоа е вештина, неопходна во современите комуникациски техники и е производ на брзо, креативно ангажирано размислување, како и познавање на јазикот, неговите закони и противречности.
Преку предавањата студентот ќе се запознае со стратегиите на пишување на наменски текст кој има за цел да го стави јазикот, со целиот свој граматички, повеќезначен, интерпункциски и емотивен капацитет, во функција на прецизна, но пред се ефикасна комуникација. Во фокус е јазикот, неговата моќ на трансформација, како и создавањето на креативни јазични конструкции со силна и влијателна порака. Програмата по предметот „Креативно пишување; дискурсот на комерцијалната презентација“ е поделена на два дела. Првиот ги доближува структуралните аспекти на текстот: внатрешните стратегии на креирање текст; писмото како забавна форма на изразување; капацитетот на стилските фигури; примена на колоквијалните синтагми. Вториот дел од програмата е фокусиран на маркетиншки ангажираниот текст и ќе ги проучува: типологијата на рекламите; разликите во комерцијалните наративи како: радио, телевизија, принт, или web; пласирање на креативниот текст во сферата на медиумите; одмерување на перцептивниот капацитет на публиката. Сите предавања ќе бидат проследени со анализа на конкретни текстови и со практична работа на зададени теми, низ која студентите ќе ги совладуваат нивоата и стандардите на креативно пишување. |