18.12.2014-ОТВОРАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, КУЛТУРА И УМЕТНОСТ „ДАНАИЛ СТАНОЈЕСКИ“
На ден 18.12.2014 година се отвори Центарот за образование, култура и
уметност „Данаил Станојески“ со промоција на книгата
Данаил Станојески (Семантички Македонец) - промотор проф.Д-р.Лорета Георгиева - Jаковлева од Институт за македонска литература и
претседател на Центарот за култура и културолошски студии.
Центарот за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“
има за цел да дејствува како културно - едукативен простор во кој
ќе се стимулира уметничкиот израз, став и набој, посебно инсистирајќи на
ангажирано учество на публиката како краен реципиент. Полето на интерес на
Центарот е фокусирано на изведувачките, визуелните, аудиовизуелните уметности
низ аспектите на глобалниот, мултидисциплинарен израз на создавање,
претставување и интерпретација на современите уметнички форми.
Центарот преку промислувањето на уметноста како индивидуален,
но и општествен и политички чин ќе влијае на средината и општеството
како промотор на втемелувачките вредности на европоцентричната култура
и традиција преку иновативни, критички уметнички опити. Воедно, на локален
план ќе влијае на културната политика и на другите јавни политики кои се врзани со неа,
ќе придонесува кон децентрализација на културата во Македонија и ќе воспоставува
регионални културни сработки со земјите од Југоистична Европа,
како и други сродни културно уметнички и општествени контексти.
Ќе придонесува кон развојот на интеркултурниот дијалог
и негувањето на културната разноликост, ќе го јакне капацитетот на артистите
на независната културна сцена, ќе ја унапредува едукацијата во областа на културата,
ќе создава компетентна публика, ќе иницира стручни и научни истражувања во културата.
Во состав на Центарот за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“ е организирана образовна дејност на полето на филмската уметност, креативното пишување, визуелните уметности вклучувајќи ја и архитектурата како применета уметност.