ШТО Е ДАСТА АКАДЕМИЈА?
Центарот за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“ е образовна институција популарно позната како ДАСТА Академија. Од формирањето во 2014-тата до сега успешно реализира образовни програми во доменот на уметностите со посебен акцент на филмската уметност. На поле на филмот нуди четири програми кои ги опфаќаат сите генерации. Започнувајќи со програмата ДАСТА Супер Јуниор (5-8 г), преку програмата ДАСТА Јуниор (9-13), ДАСТА Млади Филмаџии (14-18г) и ФИЛМСКАТА Академија (18+) нуди темелна, квалитетна образовна програма со извонреден избор на предавачи и ментори.
ЗОШТО Е ЗНАЧАЈНА РАБОТАТА НА ДАСТА?
Детската и младинска филмска академија - ДАСТА Јуниори (5-13 год.) преку филмската практика развива исклучително значајни особини кај младата личност. Тргнувајќи од создавањето на чувство за одговорност и дисциплина без кои филмскиот процест е незамислив, преку вежби за фокус и концентрација, преку тимската работа и соработка, преку развивањето па фантазијата, па се до совладувањето на стравот од јавен настап придонесува во севкупниот развој на детето, што на крајот води до значаен прогрес и во формалното образование во извршувањето на училишните задачи. Воедно, оваа образовна програма вложува во општата филмска култура на овие простори. Односиот кон уметноста и културата се гради од најмали нозе, и оваа јуниорска програма дава свој значаен продонес во квалитетниот развој на детската личност.
Програма ДАСТА Млади филмаџии (14-18г.) го опфаќа севкупниот процес на создавање на едно филмско дело, при што младите филмаџии се најдуваат и во функција на сценаристи, режисери, сниматели, монтажери, продуценти и актери. Секој ученик поединечно откако ќе ги совлада основите на филмската граматика работи индивидуален проект. Оваа програма на едно повисоко ниво го третира филмот како потенцијален избор за студии, а и како одлична база за аматерско занимавање со филм, на ниво на хоби.
ДАСТА Филмската Академија (18+) преку своите тримесечни, шестмесечни и едногодишни програми предводена од светски релевантините имиња, професорите Владимир Блажевски и Дејан Дуковски, дава значаен придонес во создавањето на млади филмски автори, кои со својата креативност, авторски сензибилитет ќе придонесат во севкупната популаризација на филмската уметност како и дома, така и во светот.

ЗОШТО СЕ ПОТРЕБНИ ДОНАЦИИ?
ДАСТА Академија е образовна институција формирана од страна на Вон.проф Загорка Поп-Антоска Андовска и Вон.проф Александар Андовски без финансиска помош од стана на било каква институција, мецена или програма. Располага два простори во Општина Центар и Општина Кисела вода каде се сместени училиштата. Наставните програми за основци и средношколци ги опслужуваат 5 вработени, а наставните програми за возрасни 3 вработени. Сите ангажирани лица се професионалци и педагози со импресивни работни биографии. Институцијата соработува уште со 8 ментори на школата за возрасни. Согласно, македонскиот стандард цената за посета на програмите е извонредно ниска, ако се земе во предвид колку филмот е захтевен по основ на филмската техниката и кадарот што ја опслужува.
Во продолжение ќе ги видите проектите кои сме ги завршиле, и оние на кои работиме, и според амбициозноста на истите подразбирливо е дека донации се наопходни за уште поквалитетна продуктивност на работата на филмската школа.
Мисијата за квалитетно неформално образование како надополнување на формалното образование со цел суштински придонес во емитивниот, едукативниот и професесионалниот развој на личноста ќе остане врвен приоритет на ДАСТА тимот.

КАКВИ ДОНАЦИИ СЕ ПОТРЕБНИ?
Имаме потреба од парични и непарични донации. Непаричните донации се во доменот на филмската техника кој би помогнала продукцијата на филмови на школата да се издигне на уште повисоко ниво. Паричните донации би помогнале како во набавка на камери, светла, микрофони (филмска техника), така и во тековните издатоци на институцијата.
ФИЛМСКИ ПРОЕКТИ СО НАЈМЛАДИТЕ
ДАСТА Јуниор преку своите едукативни програми (курсеви, патувачка филмска школа, еднодневна филмска работилница) има завршено 60 краткометражни филмови, 2 долгометражни „Kuchkovo Forrest Project“ и „Ангел во Париз“ , една ТВ серија „Вести-невести“, и 2 среднометражен филм „Дракула“ - детски хорор филм. Во продолжение само дел од сработеното.
|
KUCHKOVO FOREST PROJECT
|
|
ВЕСТИ-НЕВЕСТИ
|
|
АНГЕЛ ВО ПАРИЗ
|
|
ДРАКУЛА
|
КАКО БИ ВИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИЛЕ?
За компании кои би сакале да донираат:
1. ДОНАЦИЈА ОД 60 000,00 - 20 секунди реклама за производ наменет за деца
2. ДОНАЦИЈА ОД 120 000,00 - 5 мин. корпоративно видео работено со професионал екипа на ДАСТА Академија.
3. ДОНАЦИЈА ОД 300 000,00 - четири рекламни спота од по 20 секунди, едно корпоративно видео од 10 минути.
За индивидуалци кои сакат да донираат:
1. ДОНАЦИЈА од 6 000,00 денари - Благодарница на одјавна шпица