ДИЗАЈН НА ЕНТЕРИЕР
СО ДРЖАВЕН СЕРТИФИКАТ
Програмата Дизајн на ентериер обединува теоретска и практична настава низ седум предмети и тоа: Основи на проектирање, Ентериер-Студио 1, Ентериер-Студио 2, Ентериер-Студио 3, Ентериер-Студио 4, Современи ентериери и Компјутерска визуелизација, со вкупен фонд од 157 часа.
Оваа програма е наменета за секој оној што поседува уметнички афинитети, талент за цртање и желба за проширување на своето знаење од областа на дизајнот на внатрешниот простор со цел започнување на успешна кариера како дизајнер на ентериер.
После целосната реализација на сите модули проверката на знаењата ќе се спроведе преку завршен ипит со кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетенции. На крајот на обуката учесниците се стекнуваат со Сертификат за работна оспособеност Дизајнер на ентериер.
Наставата ја водат универзитетски професори, како и реномирани архитекти од практиката, кои на идните учесници ќе им овозможат сублимирана едукација од областа на проектирање на внатрешна архитектура низ конкретни проекти. Така учесниците на програмата ќе се стекнат со практични знаења, како и со репрезентативно портфолио за отпочнување на креативна кариера. Уредувањето на внатрешниот простор, креирање на проектна програма, изработка на идејни проекти за ентериер на станови, деловни објекти, дуќани, угостителски објекти, како и проектирање на уникатни парчиња мебел, ќе бидат во фокусот на оваа програма.
Оваа програма е наменета за секој оној што поседува уметнички афинитети, талент за цртање и желба за проширување на своето знаење од областа на дизајнот на внатрешниот простор со цел започнување на успешна кариера како дизајнер на ентериер.
После целосната реализација на сите модули проверката на знаењата ќе се спроведе преку завршен ипит со кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетенции. На крајот на обуката учесниците се стекнуваат со Сертификат за работна оспособеност Дизајнер на ентериер.
Наставата ја водат универзитетски професори, како и реномирани архитекти од практиката, кои на идните учесници ќе им овозможат сублимирана едукација од областа на проектирање на внатрешна архитектура низ конкретни проекти. Така учесниците на програмата ќе се стекнат со практични знаења, како и со репрезентативно портфолио за отпочнување на креативна кариера. Уредувањето на внатрешниот простор, креирање на проектна програма, изработка на идејни проекти за ентериер на станови, деловни објекти, дуќани, угостителски објекти, како и проектирање на уникатни парчиња мебел, ќе бидат во фокусот на оваа програма.
Вон. проф. д-р Александар Андовскидипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Архитектонскиот факултет во Скопје во 2002 година. Добитник е на стипендија од Владата на република Франција во 2002 година и заминува во Лил (Франција) на постдипломски студии на Université Lille Nord de France, Ecole Nationale Supérieure d'Architecture et de Paysage de Lille, DPEA (Diplôme Propre d’ Ecole d’Architecture)” Paysage et projet urbain” (Formation post-diplôme). Во 2003 година ја брани својата магистерска теза „Пејзаж и урбан проект - Новата слика во јавниот простор како последица на промените на неговите функции (La nouvelle image de l’espace commun comme le résultat des changements de ses fonctions ), работена под менторство на проф. д-р Серж Ковал, со што се стекнува со звање магистер по архитектура. Како студент на постдипломски студии на Université Lille Nord de France, Ecole Nationale Supérieure d'Architecture et de Paysage de Lille остварува повеќе неколкунеделни студиски посети менторирани од проф. д-р Серж Ковал и тоа во Берлин, Париз, Ротердам, Стразбур, Амстердам, Базел. Во периодот меѓу 2002-2006, кандидатот доц. д-р Александар Андовски, работи во две архитектонски студија во Франција: Cabinet d’Architecture “A3” Arras, Nord-Pas-de-Calais, France и Cabinet d'Architecture Lelong Gerard,-Moûtiers, (Savoie) France. Во 2004 година, Андовски победува на архитектонскиот конкурс за изградба на новата зграда на Центарот за хемодијализа во Булоњ Сур ла Мер (Boulogne Sur la Mer).
По враќањето од Франција започнува универзитетска кариера, прво како асистент на Факултет за архитектура и дизајн, Универзитет Американ Колеџ, потоа како доцент на Факултет за архитектура , Универзитет “МИТ” и на Факултет за архитектура , Универзитет “ФОН”. Актуелно е вонреден професор на Меѓународен балкански универзитет, Факултет за инженерство. Посетете го неговиот web site. |
Стојан Павлески, дипл.инж.арх.дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Архитектонскиот факултет во Скопје и на Ликовната Академија - модум Сликарство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј -Скопје. Магистрант на Индустриски објекти на Универзитет Св.Кирил и Методиј - Скопје
СЕЛЕКТИРАНИ ИЗЛОЖБИ/КОНКУРСИ: Автор и куратор на на проектот „Ничија земја“- претставник на Р.Македонија на 15. Интернационална изложба на архитектура во Венеција, 2016 Автор на Избрано Конкурсно решение за Универзална сала во Скопје, 2014 Автор на Конкурсно решение за објект Езерце ,Скопје,2014 Автор на Конкурсно решение за Основно училиште во Капиштец, Скопје,2014 Автор на Избрано Конкурсно решение за Телекомуникациска кула во Скопје, 2013 Автор на Идеен проект за Спортска Сала и Хотелски Комплекс за Универзијада во Алма Ата,Казахстан,2012 Учество на БИМАС ,2012 Изложба во Музеј на Град Скопје на Стоун Дизајн ,Скопје, 2005 Биенале на Млади Уметници во Музеј на Современа уметност Скопје 2005 6-то Студентско Интернационално Арт биенале во Музеј на град Скопје 2005 СЕЛЕКТИРАНИ ИЗВЕДЕНИ ПРОЕКТИ/ОБЈЕКТИ: Автор на Основен Проект и Проектантски надзор при изведба на Станбен објект на ул.Црвена Вода бр.7 ,Скопје, 2010/2011 Автор на Основен Проект и Проектантски надзор при изведба на Станбен објект на ул.50-та Дивизија бб,Скопје,2011 Автор на Конкурсно решение за Телекомуникациска Кула на Водно,Прва награда,соработник во Основен проект и Проектантски надзор,2011/ Автор на Основен Проект и Проектантски надзор при изведба на Индивидуална куќа на ул.Јан Хус бр.14, Трнодол,Скопје, 2011/2012 Автор на Основен Проект и Проектантски надзор на две Индивидуални куќи во Неа Моуданиа,Грција,2012 Автор на Проект за Ентериерно решение на на Хотел Солун,Скопје,2012 Автор на Основен Проект и Проектантски надзор при изведба на Станбен објект на ул.Дебарца бр.43, Скопје, 2012/2013 Автор на Проект за Ентериерно решение на Бутик Хотел FORVM ,Трст,Италија,2012/2013 Автор на Основен Проект и Проектантски надзор при изведба на Станбен објект на ул. Димитар Мирчев бб,Скопје,2013 Автор на Проект за Ентериерно решение на Административен објект во Пеќ,Косово,2013 Автор на Основен Проект и Проектантски надзор при изведба на Станбен објект на ул.Дебарца бр.13 , Скопје,2013/2014 Автор на Основен Проект и Проектантски надзор при изведба на Индивидуална куќа на ул. Ѓорѓе Скрижевски бб,Скопје, 2013/2014 Автор на Проект за Ентериерно решение на Административен објект за телекомуникации Албафон,Скопје 2014 Автор на Проект за Ентериерно решение на Хотел Русија,Скопје,2014 Автор на Основен Проект за Биогасна Централа Логоварди,Битола,2014/2015 Автор на Основен Проект за Биогасна Централа Новаци,Битола,2014/2015 Автор на Основен Проект за Биогасна Централа Могила,Битола,2014/2015 Автор на Основен Проект и Проектантски надзор при изведба на Станбен објект на ул.Радњанска бр.4 ,Скопје, 2014/2015 РЕАЛИЗИРАНИ ЕНТЕРИЕРИ 1999-2015 Автор на повеќе од 100 проекти за ентериери на ресторани,кафе барови,администрации... Повеќе на www.stonedesign.mk |
СО КАКВИ ВЕШТИНИ ЌЕ СЕ СТЕКНЕТЕ?
ОСНОВИ НА ПРОЕКТИРАЊЕ
|
Основи на проектирање е првиот предмет со којшто ќе се соочат студентите запишани на програмата Дизајн на Ентериер. Преку овој модул, студентите ќе се запознаат со начините на исцртување на сите поважни елементи којшто го сочинуваат внатрешниот простор. Овие елементи се секако во корелација со ергономските параметри и човековите мерки наспроти дефинираниот архитектонски простор. Фокусот на предметот Основи на проектирање ќе биде врз мебелот и опремата со нивните дефинирани и стандардизирани димензии, како и нивната примена во една логична организирана и естетска целина во рамки на еден ентериер.
Цртањето е рачно, на табли со формат А3, додоека на останатите предмети се црта со CAD техника во корелација со предметот Компјутерска визуелизација. Во делот од практична настава, низ конкретни цртачки вежби, студентите ќе ги изучат основните елементи на проектирање на етериер. На крај од семестарот, студентите по предметот Основи на проектирање ќе добијат испитна задача којашто откако ќе ја изработат, ќе треба и да ја презентираат пред колегите и професорот. Студентите ќе имаат можност да ги изработат следниве графички вежби коишто претставуваат и дел од идеен проект за ентериер:
|
СОВРЕМЕНИ ЕНТЕРИЕРИ
|
Низ примери на познати автори во современото уредување на внатрешниот простор, студентите ќе се запознаат со актуелните дизајнерски текови. Преку мултимедијалана презентација идните дизајнери на внатрешен простор ќе имаат можност да видат како размислуваат најпознатите светски ентериеристи и кои се нивните најзначајни реализации. Еве некои од најзначајните имиња чиишто проекти ќе бидат предмет на анализа во рамките на овој предмет: Џон Хитчкокс, Филип Старк, Заха Хадид, Карим Рашид, Патриција Уркиола, Федерико Делросо и многу други.
Секој од анализираните проекти, ќе биде во контекст со тековните работни задачи од академијата за дизајн на ентериер. Во рамките на овој предмет, секој од учесниците ќе треба да одбере свој омилен дизајнер и да направи една презентација со анализа на неговата работа и да ги претстави неговите најзначајни реализации. |
ЕНТЕРИЕР
|
Ентериер Студио 1 заедно со останатите три Студија претставува дел од целината Ентериер Студио којшто всушност го опфаќа најсуштинскиот дел од едногодишната програма Дизајн на енетриер. Во рамки на оваа група предмети студентите најмногу низ практична работа го осознаваат професионалниот карактер на занимањето ентериерист.
Студентите преку Ентериер Студио 1 ќе научат како да снимат постоечки објект од резиденцијален тип (станбена просторија), да го претстават на хартија на ниво на постоечка состојба како интегрален дел од еден идеен проект за ентериер. Следна етапа ќе биде да се предложи нова проектна програма којашто ќе претставува база за изработка на нов проект за ентериер на веќе снимениот простор. Етапите на проектирање ќе бидат постепено елаборирани и апсолвирани низ форма на предложени сценарија, детерминирани проектни програми, селекција на едно конечно од повеќе предложени решенија, разработка на проектот до ниво на идеен проект за ентериер и за на крај студентите да завршат со презентација на финалниот проект пред колегите и професорот. Во рамки на програмата Ентериер Студио 1, студентите ќе извршат снимање на сопственото домување (стан или куќа). Студентите, во овој предмет освен како проектанти ќе бидат истовремено во функција на инвеститори, односно нарачатели на проектот за сопственото живеалиште. Благодарение на непосредниот контакт со овој простор, студентите воедно ќе можат уште поквалитетно да ја оформат проектната програма, но и завршниот нов проект за ентериер за нивниот дом. Етапите за изработка на идејниот проект за ентериер се во корелација со предметот Компјутерска визуелизација, кадешто студентите со помош на CAD ситемите ќе може не само дигитално да го изработат своето решение, туку и ќе ги изучат неопходните алатки за тродимензионална визуелизација на нивното решение. Студентите ќе имаат можност да се запознаат со следниве неопходни графички прилози при проектирањето на еден идеен проект за ентериер:
|
ЕНТЕРИЕР
|
Во Ентериер Стиудио 2 студентите ќе ги изучат основните критериуми како се проектира ентериер на објекти од услужна угостителска дејност (кафе барови и ресторани) со посебен акцент на организацијата и естетските квалитети на внатрешниот простор. Етапите на проектирање ќе бидат постепено елаборирани и апсолвирани низ форма на предложени сценарија, детерминирани проектни програми, селекција на едно конечно од повеќе предложени решенија, разработка на проектот до ниво на идеен проект за ентериер и за на крај студентите да завршат со презентација на финалниот проект пред колегите и професорот.
Во рамки на програмата Ентериер Студио 2, студентите ќе имаат прилика да одат на конкретна локација, да земат мерки преку снимање на овој простор, и да дадат свој предлог за преадаптација на истиот преку израбока на идеен проект. Функционалната организација на еден кафе бар или ресторан е детерминиран од оригиналноста на овие услужни дејности. Тоа подразбира и оригинален пристап при решавање на внатрешното уредување на овие простори. Преку анализа на постоечката состојба, ќе се утврдува и трасира новата проектна програма како и новото решение за дизајн на ентериерот. Етапите за изработка на идејниот проект за ентериер се во корелација со предметот Компјутерска визуелизација, кадешто студентите со помош на CAD ситемите ќе може не само дигитално да го изработат своето решение, туку и ќе ги изучат неопходните алатки за тродимензионална визуелизација на нивното решение. Проектите се изработуваат на ниво идеен проект за ентериер со следниве прилози:
|
ЕНТЕРИЕР
|
Во Ентериер Студио 3 студентите ќе ги изучат основните критериуми како се проектира ентериер на објекти од комерцијално-продажен карактер со помал обем (бутици, продавници за облека, продавница за обувки и сл. )со посебен акцент на организацијата и естетските квалитети на внатрешниот простор. Етапите на проектирање ќе бидат постепено елаборирани и апсолвирани низ форма на предложени сценарија, детерминирани проектни програми, селекција на едно конечно од повеќе предложени решенија, разработка на проектот до ниво на идеен проект за ентериер и за на крај студентите да завршат со презентација на финалниот проект пред колегите и професорот.
Во рамки на програмата Ентериер Студио 3, студентите ќе имаат прилика да одат на конкретна локација, да земат мерки преку снимање на овој простор, и да дадат свој предлог за преадаптација на истиот преку идеен проект. Функционалната организација на една продавница или бутик е детерминирана од оригиналноста на овие услужни дејности. Секој дуќан има свој постоечки бренд, има своја оригинална палета на производи, оригинална таргет група на потрошувачи, уникатен излог и сопствена продажна философија. Тоа подразбира и оригинален пристап при решавање на внатрешното уредување на овие простори. Преку анализа на постоечката состојба, ќе се утврдува и трасира новата проектна програма како и новото решение за дизајн на еднтериер. Етапите за изработка на идејниот проект за ентериер се во корелација со предметот Компјутерска визуелизација, кадешто студентите со помош на CAD ситемите ќе може не само дигитално да го изработат своето решение, туку и ќе ги изучат неопходните алатки за тродимензионална визуелизација на нивното решение. Проектите се изработуваат на ниво идеен проект за ентериер со следниве прилози:
|
ЕНТЕРИЕР
|
Ентериер Стиудио 4 претставува завршен сегмент од четирите Студија рапределени во рамки на едногодишната програма - Дизајн на Ентериер. Административните објекти ќе бидат главен фокус во рамките на овој предмет. Администрацијата како дел од секој јавен објект (деловен, индустриски, транспортен центар, медицинска установа и сл.) претстаува многу значаен дел од ентериерот на јавните објекти. Од аспект на сопственикот на јавниот објект, можеби најважен дел од целиот објект претставува квалитетот на ентериерот на приемните простории или „предворјето“ на овој објект. Како што само еднаш имаме можност да оставиме добар прв впечаток, така и овие приемни простории се првата слика за еден јавен затворен простор. Одтука, главен фокус при изработката на идејно решение за ентериер во предметот Ентериер Студио 4 ќе бидат приемните простории. Преку т.н. “Showroom”, којшто претставува тридимензионален излог за компанијата, всушност компанијата не запознаева и со нејзиниот карактер, величината и сериозноста. Понатаму, следен чекор од проектот е организација и дизајн на ентериерот на останатиот дел од адмнистративниот простор којшто треба да ја следи хиерарската поделеност на вработените. Иста така, важен дел во уредувањето на ентериерот претставува и заедничкиот простор наменет исклучиво за вработените на компанијата, којшто треба да биде нивно место за релаксација, но во исто време да претставува и простор со којшто тие ќе се идентификуваат.
Етапите на проектирање ќе бидат постепено елаборирани и апсолвирани низ форма на предложени сценарија, детерминирани проектни програми, селекција на едно конечно од повеќе предложени решенија, разработка на проектот до ниво на идеен проект за ентериер и за на крај студентите да завршат со презентација на финалниот проект пред колегите и професорот. Етапите за изработка на идејниот проект за ентериер се во корелација со предметот Компјутерска визуелизација, кадешто студентите со помош на CAD ситемите ќе може не само дигитално да го изработат своето решение, туку и ќе ги изучат неопходните алатки за тродимензионална визуелизација на нивното решение. Проектите се изработуваат на ниво идеен проект за ентериер со следниве прилози:
|
КОМПЈУТЕРСКА ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА
|
Запознавање на студентите со примената на основните компјутерски програми како помошна алатка во архитектонското проектирање, изработка и презентација на архитектонските проекти. Изучување на основни, теоретски и практични сознанија неопходни за користење на комјутерски технологии. Актуелни компјутерски пакети за графичко цртање, основна алатка за изготвување на проектна документација. Теоретски и практични аспекти на структурата, можноста и особеноста на системите за проектирање во областа на архитектурата (CAD системи).
|